c92e3c04af2bfc08735b5fceeb730d1c_large

Полека но сигурно може да кажеме дека живееме во време каде одредени футуристички елементи кои ги гледавме во научно фантастичните филмови стануваат реалност.

“Monsieur” е иновативна идеја за машина која прави коктели, односно вештачко интелегентен роботски шанкер кој може да подготви совршен пијалок за совршено време, скроен за да ги задоволи и оние со најостри критериуми за вкусови.

monsieur1

Машината е замисла на машинскиот инженер Бери Гивенс, кој вели дека до идејата дошол додека се борел да добие пијалок во преполн бар, минатата пролет, за време на НБА финалето. Тогаш, го направил она што секој инженер би го направил, се посветил на пронаоѓање на иновативно решение за неговиот проблем, но сепак признаавa дека претворањето на идејата во нешто што луѓето практично би го користеле бил најтешкиот дел од процесот.

“Monsieur” се состои од осум херметички затворени садови кои лесно и брзо може да се наполнат со состојки потребни за правење на коктели. Дополнително на ова предвидено е и место за 4 шишиња за алкохолни поијалоци кои најчесто луѓето префериираат да бидат служени од оригиналите шишиња, поради зачувување на единствената арома или вкус. Она што ја прави оваа машина посебна е тоа што вие немора да се грижите за тоа кој коктел го сакате, или како точно да го направите – “Monsieur” ќе ја направи целата работа за вас.

Машината доаѓа во пакет со мобилна апликација која овозможува синхронизирање со мобилен телефон. Преку интегрираниот Андроид таблет, корисникот може да избере различни групи на коктели, со тоа што секоја група содржи 25 коктел рецепти, се на се околу 300.

f22fc3b79b1a7f26b60832dfc62ded0d_large

monsieur2

Времето на подготовка на пијалокот изнесува 11 секунди и скоро да не постои шанса за неред, бидејки машината е опремена со ултразвучни сензори кои не дозволуваат расипување доколку нема поставено чаша или пак доколку истата е полна. Прецизноста на сензорите, пумпите и софтверот кои се користат дозволуваат да дополнително ја нагодите јачината на вкусот на самиот коктел – нормален, со помалку или со повеќе алкохол.

Исто така, со користење на Bluetooth или WiFi мрежа постои можност за поврзување на машината со мобилен телефот, па вашиот “приватен бармен” може да ви подготви коктел додека вие гледате телевизија. Дополнително апликацијата може да го пресмета нивото на алкохол во крвта и да ве советува дали е потребно да повикате такси доколку планирате да одите некаде.

monsieur5

Останати “паметни” карактеристики кои се вклучени во “Monsieur” се:

  • Известувања преку електронска пошта доколку има потреба од надополнување на некој алкохол или сок.
  • Датабаза на историски податоци за трендови на потрошувачка.
  • Датабаза на историски информации и интересни факти за оние кои сакаат да научат повеќе за коктелите.

На популарната веб страна “Kickstarter.com” веќе е започната кампања за собирање средства за финансирање на развојот на бизнисот и веќе се собрани над 140.000 $. Планирани се два модели на “Monsieur”, за домашна и за комерцијална употреба и истите се очекува да се појават на пазарот кон средината на оваа година, а цената би се движела од 1500 до 4000 $.

Останува прашањето дали ваквата машина може навистина да го замени вашиот омилен шанкер во барот, кој знае каков коктел пиете и кога ви е доста? Дали умешноста на правењето коктели и целата “наука” околу нив би ја препуштиле на една машина?

Претходна статијаKolibree првата паметна четка за заби
Следна статијаSkyCycle концепт за „велосипедистичка утопија“