moto-hint

Motorola минатата недела претстави два нови модели на мобилни телефони, меѓу кои и Moto X, модел наменет за корисниците на уреди од високата класа. Заедно со овие телефони од компанијата ги претставија и Moto Hint, мали Bluetooth слушалки кои што е со големина колку да ги собере удобно во вашето уво. Целата слушалка се наоѓа во вашето уво, па таа скоро и да не се гледа, како што тоа е случајот со стандардните слушалки.

Moto Hint не вклучува копчиња, па работи преку притискање на нејзината површина која што е осетлива на допир за вклучување и исклучување на повикот. Иако работат и со други мобилни телефони, наменети се за користење со Moto X и неговата Moto Voice функција за гласовни команди.

Со едно полнење од Motorola најавуваат можност за користење од 10 часа во разговор, а со уредот доаѓа и полнач кој што има своја вградена батерија. Полначот вклучува доволно енергија за две дополнителни полнења, па никогаш нема да бидете во ситуација да не можете да го користите Moto Hint.

Извор: Engadget, The Verge