5d86ca7df72084d7a770d805058ab00d_XL

Во гејмерскиот свет, а особено кога се во прашање гејмерските матични плочи, има едно име кое веќе со години вади производи кои им го забрзуваат срцето на гејмерите, а тоа е MSI. Нивната нова матична плоча X99A Gaming Pro Carbon од високата класа е изработена од карбон и според сите спецификации е идеална за подлога за изградба на ѕверски гејмерски компјутер.

Матичната плоча може да функционира со моќните Broadwell-E процесори, поточно Extreme верзиите наменети за тешките 3D игри. Покрај поддршката за моќните чипови, на плочата има ултра брза Turbo M.2 порта за најбрзите SSD дискови, четири PCI-e 16 слотови за графички картички и два дополнителни PCI-e 4 слотови.

Покрај огромните можности за вградување на моќни делови, матичната има и копче за инстантен “overclock”, за оние кои не се подготвени за ги „трошат“ компонентите кога не играат игри.

Ова е и првата матична во светот со USB Type-C приклучок во предниот дел, кој ќе го олесни поврзувањето со паметните телефони. Нормално, во задниот дел има Thunderbolt 3, дополнителни USB 3.1 и Type-C приклучоци, како и Display Port.

Како и секоја гејмерска матична и оваа има RGB осветлување кое се контролира преку Mystic Light App апликацијата за компјутерите и паметните телефони, кое би требало подобри да ги нагласи агресивно дизајнираните делови кои ќе се вградуваат во внатрешноста на со стакло проѕирното куќиште.

Цената на X99A Gaming Pro Carbon изнесува 330 долари.

Извор: The Verge, Gamers Nexus, Digital Trends

Претходна статијаSamsung патентира паметен часовник кој ја проектира сликата на вашата дланка
Следна статијаGoogle претстави Art Camera со резолуција од 1 гигапиксел