Phantom 2 е камера наменета за снимање на видеа од позиции кои што се невозможни за човекот или бараат многу опрема и се прилично комплицирани. Се работи за снимање од висина, како и места кои што се недостапни со еден интересен производ кој што може да се користи како од аматерите, така и од професионалците за снимање на одредени настани.
Камерата е поставена на мал далечински управуван хеликоптер со четири пропелери, односно таканаречен квадрокоптер. Се контролира со специјално направен контролер на кој што се поставува и мобилниот телефон преку кој што со посебната апликација се следи и контролира леталото. Преку апликацијата се гледа се што во моментот го снима камерата, а постои и можноста за симнување на видеото или сликата на мобилниот и нивно споделување на социјалните мрежи или други интернет локации. Камерата подржува целосно навалување со што овозможува снимање во повеќе правци при летањето, како и снимање надоле. Исто така таа вклучува три оскина стабилизација, па движењата на леталото нема многу да се забележуваат на снимката. Камерата може да снима во Full HD резолуција со 30 fps, како и 720p со 60 fps, а може да слика и обични слики со резолуција од 14 мегапиксели.
Леталото вклучува технологија за стабилизација и контрола што значително го олеснува управувањето, а има можност за автоматско враќање кај корисникот и избегнување на аеродроми и слични локации на кои што е забрането прелетување. Вклучува GPS чип за точно следење на моменталната локација. Може да работи на оддалеченост од корисниот од 700 метри, а поддржува е лебдење над локациите.
Цената на овој уред е 1.300 долари, со можност за доплата за екстра батерија и други подобрувања.