img-3

NIGHT Cable е интересен производ од компанијата Native Union кој што е инспириран од две ситуации со кои што луѓето се соочуваат со каблите за полнење на нивните паметни уреди. Едниот од нив е должината на каблите кои што доаѓаат со уредите, која што не овозможува нивно користење многу подалеку од локацијата на штекерот, односно продолжениот кабел. Ова е проблем затоа што паметните уреди, како мобилните телефони и таблет компјутери, се почесто ги користиме и кога се одмораме во нашиот кревет или пред спиење. Во овие ситуации, после цел ден на нивно користење, сигурно за повеќето е потребно тие да бидат ставени да се полнат, па тука доаѓа до проблем со должината на кабелот.

Втората ситуација која што ја истакнуваат од Native Union е чувањето на кабелот за полнење на уредот на работната маса. Тој често се случува да падне зад неа или да се измеша со другите кабли. Барањето и отплеткувањето на кабелот е нешто што голем број од луѓето многу често го прават на работа кога сакаат да го наполнат нивниот уред. Доста луѓе наоѓаат брзи и креативни решенија, но сепак добредојдени се и производи како NIGHT Cable.

NIGHT Cable е кабел кој што доаѓа во верзии за Apple уреди и други уреди, односно со Lightning и micro USB конектори. Неговата должина е 3 метри, па би требало да биде доволно долг за било која ситуација на користење, без поголемо губење на перформансите на кабелот.

Сепак она што е поинтересно кај овој кабел е топката во форма на замотан кабел низ која што поминува кабелот. Топката може да се движи на било која позиција од кабелот. Нејзината намена е да кабелот остане на местото каде што ќе го оставите, односно да не падне зад масата, па лесно да го приклучите на уредот кога ќе ви притреба.

NIGHT Cable се продава по цена од 40 долари од страната на Native Union.

Претходна статијаГлен Гринвалд објаснува зошто нему му е важна приватноста
Следна статијаLG го претстави G3 Screen, првиот мобилен кој што го користи нивниот NUCLUN чипсет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.