elbrus-arm-401-motherboard-100584705-large

Elbrus е првиот процесор од Русија. Да, од Русија! Дизајниран и произведен од Elbrus MCST, компанија која пред десетина години претеше дека ќе го преземе тронот од Intel, но, како и секој ваков производ од Русија, тоа не се исполни, исто како што и нивниот нов чип, Elbrus 4-C, веројатно нема воопшто да го видиме надвор од Русија.

Спецификациите, освен тоа дека има четири физички јадра, се во најмала рака мизерни. Брзината на секое јадро е 800 MHz (здраво 1999 година!), што според тестовите не е доволно ниту за играње на Doom 3, игра од 2004 година. Процесорот може да работи и со целосен Windows, но ќе мора да го преведе x86 кодот, што може да донесе до многу послаби перформанси. Затоа, во Русија се нуди само со Linux оперативен систем, наречен Elbrus OS и неколку апликации, како Libre Office, што значи дека е наменет пред се за канцелариска работа.

elbrus-russian-pc-processor-100584761-large

Чипот има поддршка за SATA 2.0 интерфејс, USB 2.0, RS-232, DVI излез, Gigabit интернет излез, како и PCI слот за графичка картичка, кој може да поддржи ATI Radeon графички од серијата 6000. Овие можности, иако и натаму драматично заостануваат зад модерните процесори денес, можат многу полесно да пројдат.

Интересно, Русите велат дека нивниот чип може да пресмета 50 Gflops информации, што е многу близу до Core i5 од најновата генерација, кој може да пресмета 57 Gflops (веројатно напумпани бројки од Русите). Исто така, компјутерот ќе доаѓа со 24 GB рам меморија, што е многу! Сепак, ова и не мора да значи ништо, особено поради послабата брзина на процесорот, но и поради тоа што не може да работи со природен x86 код.

Ако сте заљубени во Мајка Русија, веројатно и ве заинтригира овој процесор, односно компјутер, па сигурно ве интересира и дали ќе можете да го купите. Ние не би се обложиле на тоа, а секако би ве советувале и добро да размислите за AMD или Intel процесор за вашата нова десктоп машина.

Извор: PC World, ArsTechnica

Претходна статијаПрвиот Traction Camp во Македонија во ко-организација на NewMan’s Business Accelerator, USAID-REG и CCC Startups
Следна статијаЗаврши 4-тиот Стартап Викенд во Скопје