Денеска ви носиме уште една вест која спаѓа во категоријата “супер интересно, али без никаква практична намена за читателот”.

Се зборува за Samsung и LG кои најавуваат дека во Јануари ќе излезат со 105-инчни заоблени екрани.

Откако последниве години се изнагледавме монструозно скапи и поприлично големи Ultra-HD телевизори во 4K варијанта – сметавме дека трендот на зголемување ќе изумре. На секој нареден саем гледавме се поголеми и поголеми 4к телевизори и ги сфаќавме како најобични футуристични концепти.

Откако годинава овие концепт-саемски-производи достигнаа до 85 инчи, се понадевавме дека ќе престанат да растат како концепт. Се понадевавме дека конечно компанииве ќе се посветат на тоа да ги преточат овие концепт телевизори во телевизори за масовна потрошувачка.

Но ете, LG и Samsung пак се решиле да посветат фокусот на концептуалните саемски производи, па барем ќе можеме да се дивиме на апсурдните фотографии од овие производи.

11442504935_112c22e589_o

Сепак, освен цената (10,000$ за LG моделот, Samsung необјавено) има уште една причина поради која овие телевизори сеуште се само обична интересна замисла, односно само футуристичен концепт. Вистината е дека ниту постојат голем број на 4K видео содржини, ниту ќе постојат во наредниве неколку години. Со други зборови, дури и да имаме  ваков телевизор, нема да видиме голема корист, а може дури и да се каже дека сликата може и да изгледа полоша на ваков екран доколку гледаме содржина со пониска резолуција бидејќи таа само ќе биде уште толку повеќе развлечена на овој масивен екран.

Сепак овие производи се интересни во однос на тоа да се добие претстава што не чека во иднината. Сосема е разумно да се претпостави дека во иднина, заоблените екрани ќе станат  широко распространети, а можеби евентуално и да ги заменат рамните екрани.

Впрочем голем број од производителите на технологија веќе одлучија дека иднината се наоѓа во заоблените екрани, и тоа не само за телевизори, туку и за смартфони и за компјутерски монитори. Samsung и LG веќе официјално објавија нови модели во заоблена варијанта – Samsung Galaxy Round и LG G Flex.

4823

galaxy-round

Зoшто заоблени екрани и која е поентата? Одговорот лежи во тоа како функционира човечкиот поглед. Кога го гледаме светот пред нас,  ние воглавно го гледаме она што е директно пред нас, но делумно го перцепираме и она што е периферно, лево и десно од нас.

Рамните екрани се впрочем неприродни наспроти тоа како функционира човечката визија и не би било чудно да евентуално станат дел од историјата.

Желбата за постигнување поприродно чувство при восприемањето визуелни содржини не е нова, и впрочем најпознатиот тип на заоблени екрани се IMAX кината кои постојат веќе 50 години. За оние кои не се запознаени со IMAX кината тоа се впрочем кина кои се во форма на полу-топка каде огромниот екран буквално ја обиколува публиката. Гледано пак од аспект на домашната консумација на видео содржини, гејмерите веќе со години пробуваат да доловат нешто слично така што користат 3 монитори поставени еден до друг, со тоа што левиот и десниот екран се поставени под агол од 45 степени.

Во секој случај овој тренд е особено возбудлив и ќе биде интересно да се следи што се случува во наредниве години – секако Smartportal секогаш ќе биде во тек и можете да ги очекувате сите најнови вести во однос на развојот на овој тренд.

Претходна статијаСликање со Google Glass преку намигнување со окото
Следна статијаНови LED сијалици од Philips