CUDA6

NVIDIA денес ја најави новата CUDA 6 платформа.

CUDA 6 платформата значително ќе го олесни паралелното програмирање, овозможувајќи на софтверските дизајнери драстично да го намалат времето и напорот потребни за забрзување на работата на своите апликации со помош на графичките карти.

Новата платформа нуди подобрени перформанси што ќе го забрза функционирањето на апликациите до 8 пати со едноставна замена на постојните процесорски библиотеки. Клучните карактеристики на CUDA 6 платформата вклучуваат:

  • Унифицирана меморија која го поедноставува програмирањето овозможувајќи им на апликациите пристап до процесорската и графичката меморија без потреба мануелно да се копираат податоците од едната во другата, а исто така го олеснува додавањето поддршка за GPU акцелерација во широк спектар на програмски јазици.
  • “Drop-in” библиотеки кои автоматски ги забрзуваат BLAS и FFTW калкулациите до 8 пати преку едноставна замена на процесорските библиотеки со графички-забрзани библиотеки.
  • “Multi-GPU” скалирање – редизајнираните BLAS и FFT библиотеки автоматски ги распределуваат перформансите на максимум од 8 графички карти, овозможувајќи перформанси од над 9 TFLOPS и обем на работа до 512 GB.

Дополнително, во прилог на новите функции, CUDA 6 платформата нуди целосен пакет на програмски алатки, графички-забрзани математички библиотеки, документација и водичи за програмирање.

Новата верзија на CUDA се очекува да биде достапна некаде на почетокот од 2014 година.

Претходна статијаMicrosoft отвори центар за борба против интернет-криминалот
Следна статијаKaveri достапен од 14-ти Јануари