12141_nvidia_tesla_m40_gpu_accelerator_angleright

Прво, тука мора да разграничиме дека под Суперкомпјутер мислиме на компјутер кој може да учи, односно може да прави компјутерски пресметки со динамични влезни вредности. Во превод, овој чип може да се користи за препознавање на лица или анализа на однесувањето на цела група луѓе, односно секоја влезна вредност што се менува со текот на времето, а која ја користат големите онлајн сајтови како Facebook, Google и YouTube.

Всушност, многу од суперкомпјутерите кои се користат за вакви работи се составени од графички чипови, кои се многу добри за брза обработка на фиксно зададени задачи, за разлика од процесорите, кои работат на многу различни задачи истовремено. Затоа и NVIDIA влегува во овој свет, со својата експертиза за графички чипови која директно ја префрла во овие мини суперкомпјутери.

new_hyperscale_accelerators-624x322 copy

Новите „скалабилни акцелератори“ на NVIDIA доаѓаат во две верзии. Првата, M40 е наменета за високи перформанси при „длабоко учење“ и може да се користи во големи дата центри заедно со повеќе други вакви чипови, што е нешто што многу корисници веќе го прават на интернетот со цел заработка на пари – ставаат неколку графички карти врзани во серија, ги поврзуваат на интернет и наплаќаат на луѓе кои можат да ја искористат оваа компјутерска моќ. Сега, разликата е што NVIDIA извади специјален чип кој е погоден токму за оваа намена.

Помалата NVIDIA M4 е оптимизирана за пониска потрошувачка на енергија и е наменета пред се за видео процесирање, а нуди дури 1 терафлоп перформанси со својот чип, што секако не е за потценување. Малите суперкомпјутери доаѓаат со инсталиран Linux, а NVIDIA дури ја има ставено и играта Doom на нив. Овој чип ќе биде понуден во цел кит кој ќе биде подготвен за дивелоперите, а ќе чини 599 долари (299 долари само за M4), односно 299 долари за студентите.

1101_nvidia

Покрај тоа, во соработка со Mesosphere, дивелоперите кои ќе го користат софтверот Apache Mesos ќе можат да ги искористат графичките чипови во M40 и M4 исто како што би ги користеле можностите на стандарден процесор и рам меморија. Самиот софтвер потоа ќе ги назначи разните задачи на различни чипови во системот.

Извор: Tech Crunch, Engadget

Претходна статијаВИ може да предизвика масивна невработеност и нееднаквост
Следна статијаARM претстави специјален 64-битен Cortex-A35 чип за паметните часовници