alienware_amplifier_cable-100580642-large

Лаптопите драматично се доближија до перформансите на десктоп компјутерите, но и натаму, заостануваат кога е во прашање графичката моќ, бидејќи се ограничени со мали димензии и мала потрошувачка на енергија. OCuLink е ново решение кое ќе овозможи поврзување на лаптопите со надворешна графичка карта и тоа истите оние што се користат кај десктоп машините.

Решението е многу едноставно – наместо директно на матичната плоча, како што се изведува поврзувањето со графичките картички, тука PCI Express е изведен со нов OCuLink кабел, кој овозможува многу висок трансфер на податоци. Кабелот ќе може да се користи за поврзување на секакви надворешни компоненти, како уреди за складирање податоци и слично, но најинтересна е секако можноста за поврзување со надворешна графичка картичка.

oculink-usage-models-100593009-large

Кабелот сепак има ограничувања и моментално поддржува само PCI Express со четири ленти за трансфер со максимум од 32 GBps, за разлика од решенијата за ставање директно на графичката плоча, кои имаат 8 или 16 ленти, со максимален трансфер од 64 GBps. Сепак, поддршката за повеќе ленти треба да дојде наскоро и да овозможи поврзување дури и со најмоќните графички на пазарот моментално, како на пример NVidia Titan X.

Покрај можноста за користење за подобрување на графичките перформанси кај лаптопите, OCuLink кабелот може да се користи и кај десктоп компјутерите, како замена за постоечките PCI-e слотови, а со цел помали димензии на целото куќиште, бидејќи тогаш графичката не би морала да се става нормално на матичната плоча.

OCuLink ќе биде достапен уште на крајот од годинава, но сите негови можности ќе бидат достапни наредната година, кога ќе биде достапна изведбата со PCI-e 4.0.

Извор: PC World

Претходна статијаLenovo претстави мини Windows 10 стик кој чини 129 долари
Следна статијаРоботи наместо вработените на аеродромите