Кинескиот производител на паметни телефони, таканаречените „убијци на телефоните од високата класа“, е познат по тоа што има неортодоксен начин на привлекување на новите купувачи – се рекламира исклучиво онлајн и за да купите еден од нивните модели, ќе мора да добиете покана. Сепак, ова последново ги помина сите граници.
Да, како што пишува во насловот, доколку имате iPhone 6S, отсега на него ќе можете да ставите OnePlus футрола. Зошто би го направиле тоа не би можел да знам, но од OnePlus велат дека и Sandstone, односно „шмиргла“ финишот би требал да е доволен за да ја купите. Приказната далеку дека завршува тука, секако…
Со футролата, која чини 20 долари, добивате и покана за купување на најновиот OnePlus X и тоа верзијата со ќерамички заден поклопец, а со поканата има можност да добиете и бесплатен телефон. Токму ова е тој чуден начин на привлекување на нови корисници на OnePlus. И што е најинтересно, кинезите ја рекламираат футролата како подарок „за пријателите што не се разбираат во техника“, алудирајќи на корисниците на iPhone. Ауч!
Лично, не знам колку ова ќе успее – зошто некој би потрошил плус 250 долари на веќе потрошените 650 долари за iPhone 6S? И покрај тоа што OnePlus X има солидни спецификации – Snapdragon 801 процесор, 3 GB рам меморија и 5 инчен Full HD дисплеј, новиот iPhone е супериорен телефон.
Како и да е, OnePlus веројатно се надева дека ваквиот начин на промовирање на своите производи ќе придонесе за зголемување на продажбата на подолг рок. Веројатно верните iPhone-џии после овој гест од нивните пријатели, за нареден телефон ќе се одлучат за OnePlus…
Извор: Tech Radar, Engadget, Android Central