Производителите од Кина почнаа да се тркаат кој ќе извади телефон со најголема батерија. Нам непознатиот досега Oukitel, спрема нов телефон кој ќе има батерија која ќе може да напои и еден голем лаптоп и која веројатно е доволна за користење од околу 4-5 дена.
Засега се излезени само неколку слики од телефонот и не можам со сигурност да ја потврдам оваа информација, но бидејќи се работи за кинески производител, би рекол дека се е можно. Инаку, самиот дизајн на телефонот потсетува на Darth Vader, што е исто така голем плус, барем за мене…
Но, да се вратиме на самата батерија. Имено, со 10.000 (десет илјади) mAh, ова е убедливо најголемата батерија која ќе се вградува во еден смартфон досега. Всушност, толкава батерија ретко се наоѓа дури и во 10 инчните таблети, а не во паметен телефон. Досега, најголемата батерија (односно две) ја има Gionee Marathon M5, исто така кинески паметен телефон.
Според капацитетот, со оваа батерија лесно ќе може да се издржи до неколку дена со едно полнење, но со еден голем недостаток – самото полнење ќе трае многу подолго отколку кај телефоните со помали батерии, односно, ако кај телефон со 3000 mAh трае три часа, овде ќе трае три пати повеќе. Секако, сето ова важи доколку Oukitel не направи решение за побрзо полнење.
Останатите спецификации на паметниот телефон на Oukitel се уште не ни се познати, бидејќи се работи за прототип, но очекувајте да ги имаме објавено веднаш штом ги објави производителот.
Извор: Tech Radar