f28da8fb935e9013df0156210722d46a_original

PancakeBot е 3D печатач наменет за правење на палачинки во разни форми. Беше претставен преку Kisktarter каде што успеа да собере повеќе од 400.000 долари од потребните 50.000 за успешно финансирање.

Уредот е составен од плотна на која што се постава тестото од палачинките кои што корисникот се разбира сам го прави. Горниот дел е сличен како повеќето 3D печатачи, односно има подвижен дел кој што го испушта тестото во претходно направените форми.

Делот кој што го прави PancakeBot интересен е можноста корисниците сами да ги дизајнираат палачинките, односно не се работи за уред кој што е наменет да ви направи најобични палачинки во нивниот стандарден изглед.

71fd34f6b9b347289078d78eef50a75e_original

Печатачот доаѓа со посебен софтвер на кој што ги цртате формите во кои што би сакале палачинките да бидат направени. Цртањето може да се направи и врз било која слика, а формата се одредува од линиите кои што корисникот ги повлекува врз поставена слика.

Од примерот во видеото може да се види дека палачинките може да се направат од обични цртежи од децата, како и слики од Ајфеловата кула, на пример.

Достапноста на технологијата во овој случај дефинитивно доаѓа до израз. Од една обична и стара активност, се добива интересна која што е достапна за обичните корисници.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаПовеќе од 20 предлози се натпреваруваа за најдобрата Златен Даб апликација
Следна статијаИстражувачи развиваат алгоритам кој ќе препознава онлајн тролови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.