t03a1lwd8wuksdfydyq3

Живееме во време кога полека ќе почнеме да гледаме производи достапни за сите кои до пред некое време можевме да ги видиме само во научно фантастичните филмови. Можеби за некои ова претставува и не толку посакуван развој на технологијата, а ваквите производи ги гледаат како нарушувачи на приватноста, но и човечкиот развој.

Како и да е, овие производи ќе ги гледаме се почесто, а сигурно нема да помине многу време додека почнеме и нормално да ги користиме.

Pillo е мал робот кој е наменет корисниците да го постават во својот дом и да го користат како помошник во грижата за сопственото здравје, но и на блиските.

Тој во главно се користи, а и самото име го покажува тоа, како паметен чувач на апчиња од разни видови, од лекови до витамини. Корисниците се редовно потсетувани кога треба да се напијат некое апче, а истото е веднаш пуштено во посебен сад кој се поставува под роботот.

pillo-feat

Сепак, Pillo е многу повеќе од обичен „диспенсер“ на апчиња. Во него е вградена вештачка интелигенција, разни сензори, што овозможува гласовна интеракција и поставување на прашања. Исто така, роботот може да испраќа пораки во случај да некој има заборавено да се напие одредено апче во даденото време.

CELERY_hzvl7b

Покрај користа за апчиња, Pillo може да се користи и за следење на генералното здравје преку поврзување со мобилните телефони и достапните фитнес апликации. Корисниците исто така може да поставуваат прашања како што се бројот на калории во одредена храна и слично.

Pillo моментално е понуден преку Indiegogo, познатата платформа за групно финансирање, а до крајот на кампањата остануваат уште месец дена, при што се собрани повеќе од 80% од потребните средства.

Ќе биде интересно да се види во годините што следат, дали ќе стане нормално домаќинствата да користат некаков вид на паметен помошник од овој вид.

Извор: Indiegogo, The Verge

Претходна статијаКако да ја користите “See First” опцијата на Facebook за контрола на вашиот “News Feed”
Следна статијаMicrosoft спрема Surface „се во едно“ десктоп компјутер
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.