Програмирањето за најмалите може да биде многу одбивно – ретки се децата кои ќе седнат пред монитор да ги научат тајните на овој „занает“. Затоа, Google го претстави Project Bloks, кој на интересен „лего“ начин, ќе проба да ги научи децата да програмираат.
Се работи за интересна хардверска платформа, која е своевидна сложувалка од неколку различни компоненти, кои зависно од тоа како ќе се поврзат, можат да извршуваат најразлични работи. Идејата на Google е овој проект да стигне до што повеќе деца на возраст од 5 години, иако во моментов е во развојна фаза само во неколку училишта.
Компонентите ги контролира Brain Board, што е всушност Raspberry Pi Zero мини компјутер, кој целосно ги контролира останатите компоненти. Base Boards пак се компонентите кои се поврзуваат меѓу себе и кои дозволуваат инструкциите да поминат од една до друга компонента.
За децата најинтересни ќе бидат Pucks компонентите, кои се најразлични работи од прекинувачи, копчиња и стрелки до бројчаници и сл. Со вградувањето на овие компоненти може да се добијат најразлични автоматизирани процеси – Pucks можат дури и да продуцираат музика, односно да се користат и за контролирање на Mirobot роботот кој може да црта, односно Lego WeDo 2.0 роботот. Овие компоненти се исклучително евтини бидејќи можат да се изработат од наједноставни материјали, како на пример проводливо мастило на хартија.
Извор: Tech Crunch, The Next Web, Project Bloks