chip-100620923-large

Информациите што секојдневно ги добиваме за некои нови процесори, се однесуваат само на мал дел од производството, односно она наменетото за поединечните корисници. Сепак, главната заработка на ова поле ја прават големите компании и тоа кај деловите за серверите. Токму тука сака да влезе и Qualcomm, кој досега ни беше познат само по чиповите за телефоните и преносливите уреди.

Имено, Qualcomm спрема нов серверски чип, кој ќе биде базиран на ARM архитектурата и кој во прототип верзијата има 24 јадра, но со најава дека сериската верзија ќе има 64 компјутерски јадра. Со овој чип тие ќе се натпреваруваат директно со Xeon серијата на процесори на Intel, кој е повеќе од една деценија неприкосновен во овој дел.

Процесорот на Qualcomm можеби нема да има перформанси на нивото на Xeon, барем не во старт, но затоа би требал да биде поевтин и да консумира многу помалку енергија, што не е незначајно кај серверите со повеќе процесори и може да придонесе за голема заштеда на подолг рок. Исто така, ARM архитектурата овозможува многу повеќе процесорски јадра на иста големина на процесорот, што е особено важно кај серверите.

Сепак, голема пречка ќе биде софтверот – скоро сите серверски програми се базираат на x86 архитектурата и се уште има многу малку софтверски решенија за ARM серверите. Ова значи дека доколку некоја поголема компанија се префрли на хардвер со ARM процесори, ќе мора да развива целосно нов софтвер кој ќе може да работи со оваа архитектура, а кој чини 43% од целата вредност на серверот.

Извор: ExtremeTech

Претходна статијаМагнети користени за промена на ставовите на луѓето околу имиграција и религија
Следна статијаПоследни денови за резервација на early bird карти за петтиот Startup Weekend Skopje