На MWC 2014 настанот Qualcomm најави три нови процесори, односно наследникот на Snapdragon 800, моделот 801 и 64 битните Snapdragon 610 и 615.
Како што може и да се види од изборот на името за процесорот, моделот 801 претставува помала надградба од неговиот претходник. Поголемата надградба се очекува со 805 моделот кој што е веќе најавен. Snapdragon 801 работи на 2,45 GHz зголемен од претходните 2,26 GHz. Исто така графичкиот процесор е зголемен од 450MHz на 578MHz. 801 моделот доаѓа со поддршка за eMMC 5.0 што овозможува побрзи flash мемории.
Другите два процесори се од категоријата на 64 битните процесори, нешто што стана актуелно со претставувањето на A7 процесорот од Apple во нивните нови уреди. Snapdragon 610 моделот доаѓа со 4 јадра ARM Cortex A53 заедно со Qualcomm Adreno 405 графички процесор. Snapdragon 615 моделот е ист со 610 моделот, со таа разлика што доаѓа со 8 јадра ARM Cortex A53 и истиот графички процесор.