dragon_678x452_678x452

Најголемиот производител на мобилни чипови, по лансирањето на Snapdragon 820 процесорот од високата класа, лансира и три нови чипови од средната класа, кои донесуваат низа подобрувања во однос на своите претходници и тоа пред се во графиката, каде актуелните модели се прилично слаби.

Новата линија на процесори ја сочинуваат два чипови со осум јадра – Snapdragon 625 и Snapdragon 435, како и еден чип со четири јадра – Snapdragon 425. Сите чипови имаат големи подобрувања во LTE, односно 4G брзините благодарение на новите модеми. Исто така, сите чипови го поддржуваат Hexagon DSP процесорот за аудио, како и Qualcomm QuickCharge 3.0 можноста за брзо полнење на батеријата на телефонот.

Најмоќниот процесор во понудата, Snapdragon 625, има осум ARM Cortex-A53 јадра на 2.0 Ghz и моќна Adreno 506 графика. Според Qualcomm, телефоните со овој процесор ќе можат да снимаат 4K видео и да имаат камера со максимум 24 мегапиксели со специјален двоен процесор за преработка, како и поддршка за екстерни дисплеи со резолуција од 1920х1200 пиксели при 60 слики во секунда. Snapdragon 625 има и моќен X9 модем, кој овозможува брзини од 300 Мbps за симнување и 150 Мbps за качување.

Snapdragon 435 исто така има осум јадра, но тука работат на 1.4 Ghz, додека графиката е Adreno 505. Овој чип поддржува снимање на Full HD видео и камери со максимум 21 мегапиксели со специјален двоен процесор за преработка, како и поддршка за надворешен дисплеј со Full HD резолуција при 60 слики во секунда. Овој чип доаѓа со вграден X8 модем, кој овозможува брзини од 300 Мbps за симнување и 100 Мbps за качување.

Најслабиот процесор во понудата е Snapdragon 425, кој има четири јадра на 1.4 Ghz и Adreno 308 графика. Овој чип поддржува камери со максимум 16 мегапиксели и може да снима Full HD видео, а поддржува надворешен дисплеј со резолуција од 1280х800 пиксели со 60 слики во секунда. Овој чип доаѓа со вграден X6 модем, кој овозможува брзини од 150 Мbps за симнување и 75 Мbps за качување.

Покрај процесорите за смартфоните, Qualcomm најави и специјален процесор за паметните часовници – Wear 2100, кој има 30% помали димензии од Snapdragon 400 кој денес го користат скоро сите производители во своите уреди, како и 25% пониска потрошувачка. На крај, Qualcomm го претстави и X16 модемот, кој овозможува вртоглави интернет брзини од 1 Gbps за симнување на 4G конекција.

Извор: PCWorld, NDTV, AnandTech

Претходна статијаНа 3D телевизорите им доаѓа крајот? Samsung престанува, LG го намалува производството
Следна статијаПотврдено: Гравитационите бранови постојат (Ајнштајн се смешка во гробот)