1301265261991826021

Еден од најмалите компјутери денес, а воедно и еден од најевтините, беше познат по тоа што немаше куќиште, или, подобро ќе звучи, куќичка. Како и да е, Raspberry фондацијата лансираше куќиште за Pi 2, кое ќе биде многу евтино, но и натаму ќе биде лесно да расклопување и ќе има лесен пристап до внатрешните компоненти.

Цената на куќиштето изнесува 8,59 долари, што е мала доплата на цената од 35 долари на самиот компјутер. Надворешната школка ќе биде одлична за заштита на компонентите при пренесување, односно, сега Pi 2 ќе може лесно да се носи и во вашиот џеб. Инаку, бојата на куќиштето е бела, со детали од црвената боја на Raspberry фондацијата.

30

Расклопувањето на самото куќиште е многу лесно – сите бели делови можат да се отстранат без потреба од посебен алат. Самото сместување на компјутерот во внатрешноста исто така е само со пинови и нема потреба од завртки. Однадвор има отвори за сите влезови и излези, како USB и LAN портите, односно влезот за електрична енергија.

Единствено нешто што и фали на оваа „куќичка“ за Raspberry Pi 2 е веројатно проѕирна надворешност, бидејќи дел од убавината на супер евтиниот компјутер е тоа што сите негови компоненти се видливи, па ќе беше добро да може да се овозможи и тоа. Сепак, за цената по која што се продава, не смееме да се пожалиме.

Извор: PC World

Претходна статијаAMD Project Quantum – Мини компјутер со водено ладење и моќна графика
Следна статијаAMD претстави три нови графички од високата класа