pi-3-starter-kit-970-80

Најпознатиот микро компјутер во светот, кој е особено омилен на програмерите и кодерите, за многу корисници е прилично нејасен – го купуваат и не знаат што понатаму. Причината за ова е што за да работи, на Raspberry Pi му требаат неколку дополнителни компоненти, како приклучување на дисплеј и уреди за внес, како маус и тастатура. Raspberry Pi 3 accessories kit е наменет токму за тие корисници.

Се работи за пакет базира на Raspberry Pi 3 плочата, кој е лансиран со цел да се прослави продажбата на 10 милиони Raspberry Pi компјутери од лансирањето досега. Со овој пакет ќе ви треба само монитор на кој ќе го приклучите микро компјутерот – се друго е вклучено во пакетот. Ова сепак значително ја покачува цената на околу 120 фунти во Велика Британија, каде прво ќе почне да се продава, па вреди добро да се размисли дали ќе го купите вака или само основната верзија.

Во пакетот се инаку вклучени HDMI кабел со должина од 1 метар, специјален адаптер со јачина од 2.5 ампери, SD картичка со големина од 8 GB (навистина, можеле да вградат некоја поголема, разликата до 32 GB и не е претерано голема), оптички маус и тастатура. Сето ова е заокружено со куќиште за микро компјутерот, кое прави овој уред да изгледа „помалку гиковски“, односно повеќе насочен кон широката група на купувачи.

Засега Raspberry Pi 3 accessories kit е достапен само во В. Британија, но во наредните неколку недели се очекува да пристигне и во останатите земји. Кај нас официјално секако дека нема да се продава, но пакетот може да го порачате од интернет, се додека сте подготвени за платите дополнителни давачки за нашата земја.

Извор: The Verge, TechRadar, Stuff

Претходна статијаБезбедните Galaxy Note 7 телефони ќе имаат посебна ознака на етикетата
Следна статијаMicrosoft дефинитивно ќе ја замени Lumia линијата со Surface Phone