50115b1b223e847d44d29b531ea12af6_original

Интересен концепт за успешно станување наутро, Ruggie, моментално е претставен како проект на Kickstarter. Се работи за аларм кој што е поставен во черга и којшто нема да престане да свири додека не застанете на неа и тоа најмалку 3 секунди.

На чергата поставен е и LCD екран на којшто е прикажано времето, а може да се избере и по секое станување да се пуштат избрани цитати коишто треба да го мотивираат корисникот подобро да го започне денот.

Едноставен концепт којшто треба да реши проблем којшто сигурно го имаат голем дел од нас. Наутро, алармот почнува да не буди, меѓутоа сепак не сакаме веднаш да станеме, па притискаме на snooze копчето. Ова можеби и не би било проблем доколку на наредното ѕвонење станеме без проблем и не се доведеме во ситуација да мора да брзаме.

Ruggie може да се нарача за 80 долари преку неговата Kickstarter страна, а цената со тек на време ќе биде и повисока, како и обично на оваа платформа.

На повеќето корисници овој производ им се има видено како корисен, па затоа доволно го имаат поддржано за да има собрано дупло повеќе од бараните 35.000 долари на 51 ден до крајот на кампањата.

Извор: Kickstarter, Ubergizmo, Huffington Post

Претходна статијаSpaceX повторно ќе се обиде да направи вертикално слетување на платформа во океан
Следна статијаLenovo ќе го лансира првиот телефон кој ќе ја „чувствува“ 3D околината благодарение на Project Tango
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.