Вакви футуристички производи повеќе сме научени да ги очекуваме од западниот свет, од каде што доаѓаат повеќето од денешните модерни производи. Меѓутоа овој пат за задоволство на голем број на луѓе, производот ни доаѓа од Русија. Се работи за трамвај кој што покрај тоа што доаѓа со навистина модерен и футуристички дизајн, тој вклучува и доста технологија во неговата внатрешност.
Трамвајот наречен Russia One или пократко R1, е развиен од страна на Uraltransmash, дел од UVZ (URALVAGONZAVOD) лоциран во Yekaterinburg градот. Доколку сите тестирања поминат како што треба, тој треба да се најде на улиците во Москва, Св. Петербург, Волгоград и неколку други, веќе од идната година.
Она што прво се забележува кога ќе се погледне трамвајот е неговиот дизајн, поради кој што тој веќе се нарекува iPhone на трамваите, па дури и Batmobil. Направен е да вози во двата правци, неговите вагони можат да бидат прилагодени, а предното стакло е наклонето на начин кој што на возачот му овозможува до 30% подобра прегледност, со што се овозможува и подобра можност за забележување на пешаците. Дизајнот на трамвајот не е воопшто аеродинамичен, но како што објаснуваат од таму, тој не е наменет за високи брзини, па поради тоа аеродинамичноста не е нешто што е неопходно. Просечната брзина со која што би возел трамвајот изнесува 24 километри на час.
Внатрешниот дел од трамвајот е исто толку модерен како и неговиот надворешен дел. Седиштата се направени да бидат удобни со ергономскиот дизајн, а држачите за раце се направени од антибактериски слој. Покрај тоа, внатрешниот дел е опремен со LED светилки, музички систем, GPS и GLONAS систем за навигација, Wi-Fi интернет.