Корисниците кои работат со преработка на видео, отсекогаш имале потреба од многу простор за зачувување на сите видео датотеки, кои денес во светот на 4K резолуција знаат да бидат исклучително големи. Поради тоа, просторот кој е достапен во лаптопите обично се полни многу брзо и затоа ваквите корисници имаат потреба од надворешни дискови на кои можат да ги зачуваат сите датотеки.

Сепак, поради природата на 4K видеата и нивното рендерирање, апсолутно не е доволно овие дискови да бидат обични HDD, туку тие мораат да бидат побрзи SSD дискови. Samsung, како водечки производител во овој сектор, има нов преносен SSD диск, кој може да пренесува податоци со брзина од супер високи 540 MB/s, што е и повеќе од доволно за директна преработка на чисто, 4K RAW видео на самиот диск, без потреба тој да се префрли на лаптопот, односно компјутерот.

За да се постигне ова, Samsung T5 SSD дискот има USB 3.1 интерфејс од 2-рата генерација, како и дизајн со 64 слоеви на NAND дискови. Покрај тоа, ваквата изведба дозволува и исклучително многу простор во мало пакување – T5 е достапен во изведби со 250 и 500 GB, како и 1 и 2 TB простор. Сето ова е сместено во многу мал диск со димензии од 7,6 х 5,8 x 1 сантиметар и тежина од само 51 грам. Поточно, диск кој скоро и нема да зафаќа простор во вашиот лаптоп ранец.

Цената на T5 се движи од 130 долари за моделот со 250 GB капацитет, до 400, односно 800 долари за моделите со капацитет од 1 и 2 TB. Дисковите во пакувањето доаѓаат и со неколку кабли кои одговараат на различните USB стандарди денес, а имаат и 256 битна енкрипција, која е многу важна за оние кои сакаат да си ги заштитат податоците.

Извор: Engadget, New Atlas, 4K

Претходна статијаМарк Лејланд е нов генерален менаџер на Скопје Мериот Хотел
Следна статијаПоранешни директори во Tesla имаат нова компанија за производство на домашни батерии