Обично кога производителите на телевизори сакаат да не` убедат да го купиме овој или оној телевизор, не` потрупуваат во статистики и карактеристики како Full HD, 4ms, 4K, OLED, 3D итн. Тука генерално се работи за еволутивни, а не револутивни, напредоци.
Од друга страна, Samsung реши да ги промеша малку работите и во соработка со дизајнерите-браќа Ронан и Ерван Буролек го создаде својот најнов (серијал на) телевизор – Samsung Serif. Овој телевизор изгледа феноменално, а ќе им се погоди во исто време и на „мејнстрим“ домаќини кои сакаат добар дизајн, и на хипстери (а кој е кој нека си кажат самите).
Имено, телевизорот е сместен во прекрасна рамка која има изглед како буквата I во сериф фонт (фонт кој има малечки цртички на буквите бидејќи (наводно) го олеснува читањето на печатен текст) гледано од страна.
Телевизорот воедно е и полица за сместување на разни работи (само гледајте тоа да не биде стандардното „миленце“). Неговите карактеристики се на ниво на денешницата:
- 3 големини на екранот – ultra HD (40 инчи), full HD (32 инчи), регуларен HD (24 инчи);
- три бои: црвена, бела и сина;
- специјална прекривна позади која ги чува каблите и го трга нередот;
- специјален модус на работа при вклучување („модус завеса“);
- со двете поголеми верзии постојат и ногарки за качување на висина;
- цена: од 499 до 1.199 фунти во Велика Британија.
Погледнете ја рекламата за Samsung Serif и почнете со сонување на неговото постоење во вашиот дом.
Извор: Fastcodesign, The Verge