512GB-BGA-NVMe-SSD_01-ed

Скоро секој месец гледаме некој нов лаптоп или „2 во 1“ уред со фантастично тенко куќиште и иако дел од заслугата за тоа може да им се даде на самите производители на уредот, главна причина за намалување на димензиите се намалувањето на чиповите, како новиот SSD на Samsung, кој нуди голем капацитет, високи брзини и исклучително мали димензии.

Samsung PM971-NVMe е PCI-e SSD диск со капацитет од 512 GB (достапен и со 256 и 128 GB), димензија 20х16 милиметри и тежина од само еден грам – 100 пати помал по волумен и 66 пати полесен од стандардниот 2.5 инчен SSD диск! Во ова импресивно мало пакување има 18 чипови, од кои 16 NAND чипови за складирање податоци, од кои секој има три слоја.

BGA_SSD_Main_2_2

Иако овој мал SSD не е најбрз на планетата, сепак брзините се подобри од сите 2.5 инчни SSD дискови. Поточно, брзината на вчитување е 1.500 MB/s, додека брзината на впишување на податоци е 900 MB/s. Во превод, префрлувањето на видео датотека со големина од 5 GB требаат само три секунди, што е два до три пати побрзо од SSD дисковите кои се поврзуваат преку SATA 3.

BGA_SSD_Main_3_2

Новиот ултра мал SSD диск на Samsung би можеле да го видиме во „2 во 1“ уредите и ултра тенките лаптопи од наредната генерација, каде би придонел за уште потенки и полесни уреди.

Извор: Engadget, Mac Rumors, Samsung

Претходна статијаWWDC 2016 на Apple ќе се оджи на 13-ти јуни
Следна статијаViber за Windows 10 достапен за сите во бета верзија