sandisk512gb

Производителот на мемориски SD картички SanDisk, ја претстави најмоќната картичка досега SanDisk Extreme PRO SDXC UHS-I која што има импресивни 512 гигабајти простор за складирање на податоци. Овој глобален лидер во полето на мемориски решенија ја дизајнираше оваа картичка  пред се’ поради се поголемата побарувачка во филмската индустрија.

Ова првенствено е поради новите видео технологии како што е 4К. Зголемувањето на квалитетот на видео продукцијата односно снимањето во ултра висока дефиниција од 4K со резолуција од 3840 на 2160 пиксели и видеа снимени во Full HD на 1920 на 1080 пиксели бара многу слободен мемориски простор.

Професионалните фотографи од друга страна ќе имаат можност да се лишат од гломазните сервери од по 1 терабајт со само една картичка. Секако за огромни и важни датотеки треба и адекватна заштита од надворешни фактори. Издржливата картичка може да издржи потопување во вода и радијација од ренген зраци.

Секако оваа нова картичка не доаѓа само со надворешна заштита. Доколку фотографиите случајно се избришат, има софтвер за враќање на избришаните податоци наречен RescuePRO®.

Се добива впечаток дека мемориската технологија со секоја измината декада се побргу се адаптира на потребите на другите индустрии, а цената од 800 долари е прифатлива за професионалците.

Извор: Mashable, Sandisk

 

Претходна статијаOpera 25 beta воведува поддршка за Linux и менаџирање на омилени страни
Следна статијаDARPA тестира ласери како оружје на борбени авиони