extreme-pro-1tb_right-angle_lr-100683375-large-0

SD картичките продолжуваат да ги рушат рекордите – овој пат SanDisk претстави нова SDXC картичка, која може да го засрами и вашиот десктоп компјутер со капацитетот. Иако засега е само прототип, очекувајте таа набрзо да пристигне на пазарот.

Толку голема картичка секако дека ќе биде наменета за корисници кои навистина имаат потреба од тоа, како оние кои снимаат 4K видео на своите камери. Со оваа картичка, ќе може да се снимаат многу часови непрекинато 4K видео, што е огромно олеснување, особено во организацијата на снимените клипови – барањето на клиповите по најразлични картички може да одземе многу време и нерви.

Еве и листа на други датотеки, односно колку од нив ќе собере на картичката – 310.000 квалитетни фотографии, 200.000 песни и околу 1.250 епизоди од серија во Full HD квалитет. Или пак преку 3.000 епизоди од серија со стандарден квалитет симнати од торент, односно една цела „Касандра“. Шала на страна, тоа се многу, многу епизоди од серии.

Сепак, оваа картичка секако дека нема да ја користите за симнување серии, макар ја имале и во некој ваш преносен уред (засега нема најавено micro SD изведба). Голема причина за ова ќе биде и цената, која се сомневам дека ќе биде под 700 долари, иако не е најавена. За споредба, картичката на SanDisk со капацитет од 521 GB, која е веќе на пазарот, чини 345 долари.

Извор: The Next Web, The Verge, SanDisk

Претходна статијаОфицијално достапна Google Allo – новата апликација на Google за разговори
Следна статијаHTC ги претстави Desire 10 Pro и Desire 10 Lifestyle телефоните од средната класа