singtrix

Концептот на правење аудио снимки на кои е изоставен гласот на главниот вокал, попознат како караоке е присутен повеќе од четири децении. Се смета дека првата караоке машина била измислена од јапонскиот музичар Даисуке Инуе, во 1971 година каде истата за многу кратко време достигнува голема популарност. Имено, терминот караоке потекнува од двата јапонски зборoви – “kara” кој пак доаѓа од зборот “karappo” што во превод значи празно или празнина и  “oke” кој доаѓа од зборот “okestura” или оркестар.

Караокето, како тема за интерактивна забава, без разлика дали учествуваме или само гледаме е нешто што секогаш е возбудливо и интересно. Забавата од ваков тип, речиси и да не изостанува од неделната понуда на повеќето ноќни клубови. Но, на овие забави во повеќето од случаите публиката е или пресрамежлива за настап или пак се наоѓа во улога на “жртва” од гласовните способности на некои од изведувачите.

Компанијата “Singtrix” неодамна го претстави “Singtrix karaoke kit”, караоке уред кој ги поправа сите вокални недостатоци и прави да звучите како навистина да можете да пеете. Овој “паметен” караоке уред е изум на луѓето кои го создадоа “Guitar Hero”. Тој е многу едноставен  и изнаенадувачки ефикасен.

“The Party Bundle Limited” верзијата  на “Singtrix” доаѓа во пакет со 2 микрофона, сталак, 40W 2.1 стерео звучник со subwoofer, држач за мобилен телефон или таблет, и “Singtrix” модулот, кој всушност ја прави целата магија со звукот.  Микрофонот се поврзува со модулот, кој пак има 3,5mm излез. Овој уред, исто така може многу лесно да се комбинира со постоечките мобилни апликации за караоке или пак да ја искористи било која музичка нумера која ја имате зачувано на вашиот мобилен уред и да ја направи погодна за караоке.

features_img_1.2

Вистинската забава пак доаѓа од модулот-конзолата за ефекти. Имено, постои можност за избор од 350 ефекти, кои нудат најразлични мутации на гласот. На пример, за најконзервативните караоке ентузијасти, постои ефект кој додава ехо на гласот, трик кој го прави пеењето многу подобро.

Овој уред сепак, не е многу евтин. Неговата цена изнесува околу 300 $, па така е главно наменет за клубовите или за оние кои навистина се вљубени во караокето.

http://www.youtube.com/watch?v=Csmmfqzur6M

Претходна статијаMS Tûranor PlanetSolar е првиот брод во светот целосно напојуван од сончева енергија
Следна статијаЕлектричен автомобил од Tesla Motors за 35.000 долари