skype-in-media

Од Skype оваа недела претставија ново решение кое што е наменето за радиодифузерите, односно за телевизиите и другите медиуми, кое што им овозможува пренос на видео и аудио со многу подобар квалитет, како и нови можности за контролирање и прилагодување на емитувањето. Со други зборови ова е надградување на постојниот начин на користење на Skype од медиумите за вклучување на известувачи во живо од разни локации, за емисии во живо, вести и слично. Технологијата која што е користена во Skype TX е развиена од страна на Cat and Mouse, долгогодишен партнер на Skype, подоцна купен од страна на Microsoft. Решението претставува комбинација на софтвер и хардвер, што значи не вклучува само нова верзија од Skype.

Skype TX треба да биде достапен во текот на годината, меѓутоа подетални информации за точната дата, како и цените, не се сеуште соопштени, па ова e само претставување на производот. Карактеристиките кои што ги вклучува Skype TX се следните:

  • Дизајниран и оптимизиран за професионални студија
  • Пренос на аудио и видео преку SDI
  • Корисничко искуство оптимизирано за работа при емитување на програма со можност за интегрирање преку API алатка, како и менаџирање на повиците
  • Преносот на видео и аудио содржината е со квалитет и формат наменет за радиодифузерите и вклучува непреченa работа без нотификации и реклами, HD-SDI видео влез/излез, балансиран аудио влез/излез, конвертирање на форматот на сликата
  • Поврзување директно со опремата на медиумот и можност за контролирање и менаџирање на повеќе канални повици, како и контрола на видео форматот од една централна точка
  • Можност за користење во студија, како и на терен
  • Направен е за константно работење (always on) со поддршка за повеќе симултани повици, можност за преглед од страна на операторот и мониторирање на квалитетот на повикот

Некои од сегашните употреби на Skype, кој што треба да бидат унапредени со новата TX верзија се прикажани на следната страна skypeinmedia.com.

Извор: Skype Blog

Претходна статијаGoogle поднесе жалби до турските судови за блокадата на YouTube
Следна статијаIntel го претстави Thunderbolt Networking со можност за поврзување на Mac и PC
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.