graphene-earphone-diaphragm

Графенот е материјал кој во последно време е се’ попопуларен кај научниците и голем број компании бидејќи е идеален за користење при прoектирањето на најразлични производи.

Сепак, она што нас особено не’ интересира е работата на научниците на универзитетот Беркли во Калифорнија. Овие научници сметаат дека графенот може да се покаже како одлична алтернатива за стандардната дијафрагма што се користи кај слушалките. Резултатот би бил далеку поквалитетна репродукција на звук, и тоа без никакви посебни прилагодувања. Во експериментот биле употребени и популарните Sennheiser MX 400 слушалки (чинат околу 20 долари), при што се покажало дека слушалките од графен се далеку помоќни и поквалитетни.

Зошто графенот е одличен избор при производство на слушалки? Лесен е, цврст, и одличен спроводник. Последната особина е од особена важност при создавањето звук. За да се покаже тоа, доволно е да се постави 7-милиметарски слој од графен (има улога на мембрана) помеѓу две силиконски електроди. Моментот кога мембраната ќе дојде во контакт со струја, ќе дојде до создавање на вибрации како резултат на електростатичната сила. Овие вибрации можат лесно да се контролираат, со што се одредува моќноста на звукот.

Да беа некои од слушалките совршени, кривата би ја замениле со права која не би варирала при ниту една фреквенција

Доколку би постоеле совршени слушалки, истите би произведувале еднакво квалитетен звук при различни фреквенции ( 20Hz – 20KHz). Но во овој случај, она што е важно да се напомене е дека слушалките од графен произведуваат поквалитетен звук при високи фреквенции, во споредба со Sennheiser MX 400. Разликата кај ниските фреквенции е речиси незабележителна.

Она што се’ уште не е познато е дали слушалките од графен ќе бидат изложени на масовно производство. Доколку тоа се случи, со сигурност ќе можеме да ги купуваме за прифатливи цени, а за возврат ќе добиваме многу поквалитетен звук.

Претходна статијаGoogle Hangouts 2.1, спојување на текст и чет пораките во еден разговор
Следна статијаAcompli: Првата целосна email апликација за бизнис корисниците