img02

Оптички дискови, за читателите што можеби нема веднаш да се сетат, се CD-ата, DVD-јата, како и моментално најголемите Blue Ray дискови. Blue Ray дискот има капацитет од 25 GB, па до 128 GB за дискови кои што подржуваат едно запишување на податоци. Blue Ray дискот стана популарен со излегувањето на HD резолуцијата, а со тоа и потребата од диск со поголем капацитет од дотогашните DVD дискови. Сепак популарноста на Blue Ray не може да се спореди со популарноста што ја имаше познато CD, поради стримувањето на содржината преку интернет, овозможено со големите брзини достапни денес.

img01

Наменет за деловните корисници, односно за потребата од архивирање на податоци подолг период, Sony и Panasonic го претставија Archival Disc, кој што доаѓа со почетен капацитет од 300 GB со можност за запишување на податоци еднаш. Нивниот капацитет се очекува потоа да биде зголемен до 1 TB.

Покрај тоа што овие дискови ќе започнат како производ наменет за компаниите, се очекува негово популаризирање и кај обичниот корисник. Ова очекување е поради претставувањето на телевизори со 4K резолуција, со што се очекува зголемување и на достапната содржина во таа резолуција.

Претходна статијаДостапен iOS 7.1, донесува подобри перформанси и нови функции
Следна статијаFacebook со нов дизајн на Pages
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.