Screenshot 2015-02-17 11.27.05

Sony почна да прима нарачки за своите паметни очила SmartEyeGlass, кои што беа претставени минатата година. Ќе бидат достапни во ограничена бројка на земји, а ќе се продаваат по цена од околу 840 долари и во оваа фаза се во главно наменети за програмерите. За ниви достапна е SDK алатката која што може да ја користат за развивање на апликации кои што ќе бидат наменети за очилата.

Иако се претставуваат како конкуренција на Google Glass и го претставуваат истиот концепт, тие сепак се направени и функционираат на нешто поразличен начин. За разлика од очилата на Google, SmartEyeGlass ја прикажуваат сликата преку стаклата кои што се всушност екранот. Тој е 8-битен монохром екран кој што овозможува поминување на светлината до 85%. На овој екран не може да се очекува прикажување на слики и видеа како што сме научени денес, па тој е наменет за едноставно прикажување на информациите кои што би му биле потребни на корисник на еден ваков производ.

Screenshot 2015-02-17 11.26.57

Screenshot 2015-02-17 11.26.55

Исто така, за разлика од другите слични производи, очилата од Sony, батеријата, микрофонот и контролите ги имаат сместено на посебен уред кој што е поврзан со очилата и е наменет да се носи закачен на јакната, на пример. Преку овој уред може да се контролираат апликациите, а исто така служи и за гласовните команди.

За работа со очилата потребно е поврзување со мобилен телефон, што во случајот со SmartEyeGlass е неопходно за нивна работа. Во продолжение најдобро може да се види концептот на овие очила преку видеото од Sony.

Извор: Sony, The Verge