Spector е мал уред изработен од Фиона О’Лири, како нејзина дипломска на нејзиниот универзитет Royal College of Art. Уредот не може да се купи, а се’ уште не се започнати планови за тоа во иднина.
Се работи за уред кој најмногу ќе им биде корисен на графичките дизајнери. Како што истакнува и самата Фиона, идејата за уредот и има дојдено поради фрустрацијата од тоа колку идеи за нешто има добиено од физички предмети.
Поточно, Spector е направен да може да ги препознае фонтовите во списанијата, како и боите на било која површина на кој ќе биде поставен. Овие информации потоа се префрлуваат на компјутер, поточно на соодветните програми за дизајнирање или пишување, по што може да се користат.
Spector прави препознавање на скоро сите видови на фонтови. Со помош на софтвер, тој препознава за точно кој фонт се работи, го избира во соодветна програма или прикажува линк каде може да се купи доколку не веќе достапен на компјутерот.
Препознавањето на боите се прави преку прикажување на точната CMYK или RGB вредност на бојата, со едноставно поставување на уредот над предметот и притискање на копчето.
Навистина корисен уред кој претпоставуваме дека повеќето дизајнери едвај чекаат кога би бил достапен.