311a953b02d98982a00413efb127d60c_large

Преносните фрижидери постојат одамна и околу нивниот развој не е направено премногу. Има модели кои што работат на соларна енергија и слично, меѓутоа во основа сите тие ја нудат основната функција за која што и се направени, а тоа е простор каде да ги зачувате ладни вашите пијалаци и храна надвор од домот.

The Coolest е преносен фрижидер кој што покрај основната функција, нуди доста повеќе функции кои што неговиот развивач смета дека ќе ви се најдат како корисни кога сте на плажа или пикник. Фрижидерот работи на 18V батерија и покрај просторот за ладење вклучува и блендер, Bluetooth звучник кој што може да се извади, USB излез за полнење на мобилните уреди, LED светилки за негово користење навечер, место за зацврстување на дополнителна опрема, раздвојувач кој што може да се користи како даска за сечење, отворач за шишиња, простор за чинии и прибор.

a4b882f533894507675063b87ff34ae2_large

Фрижидерот е развиен од страна на Ryan Grepper и дефинитивно може да се каже дека е еден од поинтересните и корисни производи. Со The Coolest можете да ја однесете потребната храна и пијалаци со вас на плажа, притоа имате можност да направите разни пијалаци за кои што е потребен блендер. Со достапноста на овие работи, се разбира тука одлично се вклучува и звучникот кој што додава на атмосферата која што можете да ја креирате со донесените работи. Rayan во своето видео го покажува трудот кој што го има вложено во правење на овој фрижидер, па објаснува дека дури и тркалцата кои што се вградени се специјално направени, односно пошироки со цел полесно да го носите фрижидерот и да не се заглавуваат во песокот на плажа, на пример.

Овој фрижидер моментално е во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter и во моментот на пишување на оваа статија собрани се повеќе од 4 милиони долари од потребните 50.000 за проектот да успее на 46 дена пред истекот на рокот. Може да се нарача по цена од околу 200 долари зависно од периодот на нарачка.

Извор: Kickstarter, Ubergizmo

Претходна статијаПротечени слики од Windows 9 ги прикажуваат новото Start мени и модерните апликации на десктоп околината
Следна статијаProject Adam: Вештачка интелигенција од Microsoft Research
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.