Многумина од вас сигурно веќе се откажаа од десктоп компјутерите. Навистина, на кој му треба статичен пристап до интернет? ThermalTake сака да размислите повторно – нивното ново Core P5 компјутерско куќиште изгледа како рачно изработено музичко појачало од високата класа, но со вистинските делови има перформанси на кои ни од далеку не може да му се доближат лаптопите.
Куќиштето е изработено од стакло, низ кое се гледаат апсолутно сите компоненти. Внатре е особено внимание посветено на тоа да не се гледаат кабли и се изгледа совршено. Воденото ладење има и обоена сина течност, која заедно со синото LED осветлување прави едно навистина извонредно визуелно доживување, а корисникот може дури и да го закачи овој компјутер за ѕидот за сите да го видат, бидејќи навистина има што да се види.
Core P5 поддржува голема ATX матична плоча и големо напојување, како и професионални графички карти, кои интересно не се ставаат директно на матичната, туку има дополнителни PCI кабли. Ова е направено за да се намалат целосните димензии кои ги заземаат внатрешните делови. Во куќиштето има и простор за четири дискови, два 2.5 SSD и два 2.5 HDD.
Цената на куќиштето изнесува 150 долари, што е во рамките на високата класа и за ваква изведба е веројатно и коректно. Деловите се секако ваш избор – ова е само подлога за еден моќен гејмерски компјутер.
Извор: PC World