vapshot

Дали сте знаеле дека пиењето на вашиот омилен алкохолен пијалак почнува да претставува застарена работа ? Се разбира дека се шегуваме, меѓутоа доколку се погледнат неколку производи, како тој што ќе ви го претставиме денес, ќе видите дека веќе обичното пиење на алкохолните пијалаци не е единствениот начин за нивно консумирање.

Се работи за претворање на алкохолниот пијалак во пареа или спреј преку неколку методи. Потоа пареата се вдишува со што се добива многу побрз ефект, без притоа да имате потреба да го пиете пијалакот за да го добиете ефектот од неговата главна состојка. Меѓутоа овој начин на внесување на алкохолот има очекувано свои негативни страни. Затоа што се внесува директно во крвта, се губи чувството за количината која што ја имате внесено, се трга црниот дроб во целиот процес, а исто така доколку претерате го немате стандардниот начин на исфрлање на преостанатиот пијалак од вашиот стомак.

Vapshot mini е мал преносен уред кој што го претвора секој алкохолен пијалак кој што ќе ги ставите во неговиот резервоар во пареа. Потоа преку специјално направениот уред, пареата се префрла во било кое шише и може да се вдишува со користење на пластична цевка. Доаѓа во две верзии, односно бела и нерѓосувачки челик и се продава по цена од 700 долари за првиот и 900 долари за вториот модел. Производителот нагласува дека методата која што ја користат за правење на пареа од пијалаците е во рамките на сигурносните граници поставени од OSHA агенција за сигурност и здравје.

Дали сте слушнале за овој начин на внесување на алкохол и дали би сакале да пробате ?

Извор: Engadget

Претходна статијаKDE Plasma 5: Нова модерна верзија на познатиот кориснички интерфејс
Следна статијаДодадете втор E Ink екран на вашиот Android телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.