Една од најголемите карактеристики на модерното време е се помалото движење на луѓето кои што денот го поминуваат седејќи, било тоа да се работи за нивното работно место или дома сурфајќи по социјалните мрежи и други веб страни. Се повеќе истражувања покажуваат дека скоро ништо нема полош ефект на здравјето од сите фактори кои што влијаат на него, како што тоа е седењето. Ваквата ситуација направи една нова категорија на производи кои што се наменети да ви овозможат одреден степен на вежбање додека седите во вашата канцеларија, пред се.
Cubii е мала справа од категоријата на елиптични справи, која што ја собира под вашата работна маса и ви овозможува да правите движења со нозете, слични на возењето велосипед. Како и на повеќето вакви справи, така и на cubii можете да го прилагодувате интензитетот и со тоа да го прилагодите вежбањето на вашите потребни, а и можности. Се разбира веќе нормално за производите од оваа година, Cubii се поврзува преку Bluetooth со вашиот мобилен телефон за кого што е направена посебна апликација преку која што можете да ги следите статистиките на вашите вежбања.
Cubii справата е направена од страна на компанијата FitnessCubed која што е лоцирана во Чикаго и моментално е понудена на Kickstarter каде што може да се нарача по цена од 300 долари, по што ќе се продава за 350. Рокот за собирање на средствата истекува за 6 дена, а собрани се нешто повеќе од 74.000 долари од потребните 80.000 во моментот на пишувањето на оваа статија.
Развивачите истакнуваат дека доколку успеат да соберат до 100.000 долари ќе вклучат генератор во справата преку кој што ќе може да се напојува Bluetooth чипот во неа, а доколку се соберат 150.000 долари ќе вклучат генератор преку кој што ќе може да се полнат мобилните телефони.
Извор: VentureBeat, Kickstarter