vocca

Vocca приклучокот креиран од Ori Indursky и неговиот тим во Израел, е физички додаток за светилки со Bluetooth конективност, напреден сензор за препознавање на говор и апликација. Откако ќе ја претворите обичната светилка во Vocca уред, се што треба да направите е да речете “Go Vocca Light” и осветлувањето е вклучено.

Моментално се одвива финансирањето на проектот преку Kickstarter, каде секој придонесувач може да ја добие основната верзја на Vocca приклучокот за 39$, или про верзијата за 49$ која ќе ви дозволи да го контролирате уредот од далечина преку апликација, како и да одберете фраза со која ќе го вклучувате светлото. И покрај тешката конкуренција во секторот на паметно осветлување, каде неодамна Phillips ја лансираше најмалата LED светилка во светот, како и кампањата за WiFi контролирани светилки LIFX, Vocca веќе ги собра посакуваните средства.

500cdd91fd03f403ec72415fce8ef7a6_large

Vocca е базирана на технологија за препознавање на говор од Sensory Inc., водечката компанија за оваа технологија во светот. А Vocca Pro пак, користи ТоbyRich Bluetooth Smart и Bluetooth Low Energy апликациски дизајн. Приклучокот го користи BLE за да се поврзе со апликацијата на вашиот смартфон. Vocca се поставува меѓу оригиналниот волтен приклучок и светилката, а е опремен со микрофон и Blutooth чип. При тоа не е потребна никаква инсталација.

Главниот недостаток се потешкотии со спроведувањето топлина, па Vocca може да работи само со штедливи светилки како LED и CFL, флуоросцентни светилки што може да се неповолни за очите особено ако се поставени во домовите.

Извор: Kickstarter, Engadget

Претходна статијаПретворете го вашиот дом во паметен со Ninja Sphere
Следна статијаNSA виновни за згаснувањето на интернетот во Сирија ?