WDBlack2_FeaturesPage_17

Со излегувањето на SSD дискови со поголем капацитет, а и намалување на нивната цена, најдобар начин да го забрзате работењето на вашиот компјутер е да користите еден од овие дискови, кои поради технологијата за запишување и читање на податоците се доста побрзи од стандардните HDD дискови. Меѓутоа поради сеуште прилично високата цена на SSD дисковите со поголем капацитет од 120 GB, она што повеќето корисници во последно време го прават е користење на SSD и HDD дискови во комбинација. На SSD дискот обично се инсталира оперативниот систем и повеќето програми, додека HDD дискот се користи за складирање на големиот број на податоци, како филмови, музика и слично, нешто што сигурно е повеќе од 120 GB.

Поради овој начин на комбинирање на дисковите, почнаа да излегуваат таканаречени хибридни дискови, кои се во основа HDD кои имаат мала SSD меморија до 8 или 16 GB. Како и во претходниот случај на SSD се инсталира оперативниот систем, додека остатокот од фајловите се става на HDD дискот. Мана на овие дискови е што на компјутерот го гледате само HDD дискот, а SSD дискот не е прикажан и не може да го користите.

WDBlack2_FeaturesPage_15

Black2 од Western Digital е нов 2,5 инчен диск наменет во главно за лаптопите и други помали компјутери, но може да се користи и на десктоп компјутерите. Она што го прави посебен овој диск е неговата внатрешност. Black2 е составен од еден SSD диск со 120 GB капацитет и еден HDD диск со капацитет од 1 TB (терабајт). Не е хибриден диск и за разлика од нив, SSD дискот е целосно функционален и на вашиот компјутер е претставен како посебен диск, со што имате можност да избирате што ќе ставите на него.

WDBlack2_FeaturesPage_03

При првото инсталирање на дискот, компјутерот го препознава само SSD делот за да можете да го инсталирате вашиот оперативен систем на него, па и тие што не се разбираат доволно да не направат грешка. По стартувањето на компјутерот преку инсталација на посебен софтвер од Western Digital се активира и HDD дискот, па и тој станува достапен за користење.

На почетокот овој диск ќе биде компатибилен само со Windows компјутерите, а цената по која што е достапен во Америка се движи од 300-350 долари.

Претходна статијаАвтоматско прикажување на сликите во Gmail
Следна статијаOS X дизајн концепт инспириран од iOS 7
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.