asus-wl-500G-640x336

Asus се соочува со ревизија која може да трае наредните 20 години и со големи парични казни, бидејќи рутерите кои ги рекламира како „Безбедни и Интелигентни“ всушност не се воопшто безбедни и го ставаат корисникот на голем ризик од напади.

Имено, Asus веќе заработи тужба од “US Federal Trade Commission“ и се сложи дека ќе мора во наредните 20 години да биде цел на независна ревизија на секои две години. Исто така, доколку се докаже дека нивните производи се небезбедни, тие ќе треба да платат казна од 16.000 долари за секое прекршување.

Има четири причини поради кои рутерите на Asus се сметаат за небезбедни. Прво, секој испорачан Asus рутер има корисничко име и лозинка “admin”, што значи дека секој, дури и оние со помало компјутерско знаење можат веднаш да им пристапат. Како пропуст се смета и тоа што Asus не ги предупредувал корисниците да ја сменат лозинката на рутерот.

Потоа, панелот на кој корисниците ги менуваат параметрите во рутерот, се смета како многу лесен за хакирање – сите безбедносни мерки кои ги има преземено Asus за заштита не се доволни и му дозволуваат на хакерот целосна контрола над панелот.

Особено големи пропусти има во AiCloud и AiDisk сервисите, кои можат да се пробијат од далеку, односно да ги изложат сите податоци и датотеки на корисниците подложни на напад или крадење. Поточно, во 2014 година, хакерите успеале да влезат во 12.900 уреди за складирање податоци на корисниците на овие уреди.

Исто така, “Check for upgrades” која проверува дали има надградба за рутерот, нема некоја специјална функција. Поточно, последните надградби и закрпи не биле достапни на корисникот како нотификација дури и ако тој провери дали има надградби. US FTC исто така предупредува и за бавните реакции на Asus за надградбите.

Како одговор на ова, Asus се сложи да прати нотификација на корисниците за надградба со целосни инструкции, која треба да ги донесе потребните подобрувања. Затоа, препорачливо се секој од Вас што има рутер од Asus, да провери за нова надградба.

Извор: The Hacker News, Engadget, ARSTechnica

Претходна статијаSamsung претстави флеш чипови со 256 GB капацитет и SSD брзини наменет за смартфоните
Следна статијаXerox ги затвори производителите на фалсификувани и илегални потрошни делови