3024438-slide-withings-aura-hero-pic-embargo-till-3pm-pst-on-152014

Во последните години почна да се зголемува и понудата и популарноста на најразлични електронски производи поврзани со регулирање на здравиот живот. Од бројните фитнес мерачи, специјални паметни ваги, мерачи за пулс, па се до најразличните помагала за спиење.

Withings е компанијата која се има прочуено со своите паметни ваги и многумина би рекле дека се број еден бренд на тој пазар. Деновиве Withings се обидуваат да ви помогнат и во спиењето, а за таа намена почнаа со промоција на новиот Aura производ. Ова е комбинација на специјално ЛЕД светло и сензор за движења кој се поставува под перницата.

3024438-inline-withings-aura-photo-2-embargo-till-3pm-pst-on-152014

Во основа овој производ е дизајниран да го подобри спиењето и будењето на неколку начини. Прво тој ротира различни светлини и звуци кои би требале да го олеснат заспивањето и продлабочат спиењето. Второ тој го следи и евидентира вашиот стил на спиење и податоците ги снима на вашиот смартфон. Трето, ви помага да се разбудите на полесен и поприроден начин.

За да ја постигне оваа трета цел, овој производ го користи сензорот за движења кој стои под перницата. Базирано на движењата кои ги правите кога спиете, тој сензор може да пресмета во која фаза на сонување се наоѓате.

За оние кои не знаат како функционира човечкиот сон, во основа при спиење сонувачот повеќе пати поминува низ 5 фази на спиење. Првата фаза е најплиток сон и ако некој ве разбуди во оваа фаза имате чувство исто како да не сте ни спиеле. Секоја наредна фаза е се подлабока, а петата фаза е најдлабоката и ако некој ве разбуди за време на оваа фаза се чини речиси невозможно да станете од креветот. Откако ќе заврши петата фаза, вие пак влегувате во првата фаза и целиот циклус се повторува одново. Еден циклус трае од 90 до 120 минути.

3024438-inline-withings-aura-photo-3-embargo-till-3pm-pst-on-152014

Постои научно докажана теорија дека доколку некој ве разбуди во поплитките фази вие ќе се разбудите поприродно и полесно, а Aura е базиран токму на оваа теорија.

Кога се обидувате да заспиете, Aura свети во боја слична на зајдисонцето која би требало да предизвика лачење на Мелатонин (хормонот што прави да ви се приспива). Наутро пак, производот почнува со емитување утринска сина светлина, а алармот може интелигентно да процени да ве разбуди во идеалната фаза на поплитко спиење.

withings_aura_3handson2_1020_verge_super_wide

Претходна статијаTobii – Контролирајте го компјутерот само со поглед
Следна статијаTurpial – одличен Twitter клиент за Linux