142358dr1aq31sfqf3ohag.png.thumb

Тие што ги следат производите од Xiaomi знаат дека компанијата е присутна во многу повеќе области покрај на пазарот на паметни телефони. Тие на корисниците им нудат и преносни батерии, слушалки, звучници, фитнес алки, телевизори и повеќе.

Mi TV е паметен телевизор кој што доаѓа со вграден Android оперативен систем што го прави погоден за многу поголемо и подобро корисничко искуство. На него покрај тоа што може да се гледа телевизија, филмови и слична содржина, може да се играат игри, како и да се користат повеќе апликации достапни на Android платформата.

Како што би се очекувало, Mi TV работи на изменета верзија од Android оперативниот систем специјално прилагодена за телевизорите и е наречена MIUI TV.

Втората генерација на паметни телевизори Xiaomi ја претстави минатата година. Наречена Mi TV 2, оваа верзија вклучува 49 инчен телевизор кој што се продава за 645 долари.

Оваа недела од компанијата претставија уште еден модел од Mi TV 2 серијата, овој пат со 40 инчен екран. Mi TV 2 40” ќе ја задржи познатата политика на компанијата за прилично ниски цени во однос на конкуренцијата, па овој модел ќе се продава за 322 долари.

Mi TV 2 40” е направен со Sharp SDP X-GEN Full-HD панел, 5000:1 контраст сооднос, MStar 6A908 чипсет кој што вклучува Cortex-A9 quad-core 1.45GHz процесор и Mali-450 MP4 4+2-core графички процесор. Вклучува и 1.5GB DDR3 RAM меморија, како и 8GB eMMC flash меморија за складирање на податоци.

Телевизорот доаѓа со поддршка за пуштање на повеќето достапни видео формати, па на него ќе може да се гледаат филмови во RM、FLV、MOV、AVI、MKV、TS、MP4 формат.

174430m8ysry28k2kxi89a.png.thumb.jpg

Извор: Xiaomi, Android Central

Претходна статијаНова функција на Android ќе го држи телефонот отклучен додека е во џебот
Следна статијаFacebook тестира dialer апликација со Caller ID на Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.