Веројатно сите сме го виделе Segway, само-врамнотежниот скутер кој ви овозможува да се возите на него со помош на електричен мотор. Практично се работи за комбинација од скирол и скутер. За жал, цената на Segway и другите конкурентни транспортери беше од 300, па се до илјадници долари што секако не е пристапно ниту за купувачи од развиени земји.
За среќа, конкуренцијата на пазарот делува да ги намалува цените додека генерално го зголемува квалитетот, па денес ви го прикажуваме Ninebot Mini на Xiaomi. Се работи за уред сличен на Segway, но скоро дваесет пати поевтин (!) – 315 долари или околу 279 евра во моментов.
Ninebot Mini може да се движи со брзина од 16 км/ч и има просечна автономија од 22 километри. Тој може да се качува на накосини до 15 степени и е пренослив со своите 12,8 килограми. Дополнително интересно е што Xiaomi ослободи надградба на софтверот, па со новата верзија можете преку апликација да набљудувате со колкава брзина се движите, колку сообраќај има пред вас, колку батерија ви останува…
Секако, Ninebot Mini е само-врамнотежен, што значи дека тој самиот со помош на сложени алгоритми и прецизна контрола на електромоторот се грижи за вие да стоите исправени и да не паѓате од него. Се` што е потребно од ваша страна е краток период на навикнување на неговото користење по што веќе нема ниту да размислувате кога ќе се качите да се повозите.
Бидејќи го произведуваат кинези очекуваме да биде достапен преку нарачка и кај нас без да мора да се платат илјадници долари. Инаку Xiaomi веќе повеќе пати настапува на други пазари покрај тој за потрошувачка електроника (телефони и телевизори). Ние веќе пишувавме за нивниот прочистувач за вода, имаат прочистувач и на воздух, телевизори, веќе се трет најголем произведувач на телефони во свет по продажба (не е ни чудно, телефоните им се одлични), а наскоро изгледа ќе произведуваат и лаптопи.
Извор: Engadget, Indian Express