CDxn_OxXIAABAji.png large

Марк Цукерберг е основачот и главниот директор на денеска најпознатата социјална мрежа, која што веќе никој и не се обидува да ја стигне. Вредноста на Марк, како и на Facebook денеска се мери во милијарди долари.

Во продолжение можете да погледнете кратко интервју на Марк за CNBC направено пред 11 години кога тој имал 19 години, а Facebook бил во своите почетоци.

Инаку, Facebook прво има започнато под името TheFacebook како социјална мрежа наменета за Харвард универзитетот каде што има студирано Марк. Истата постепено се шири и на други универзитети по што постепено станува она што е денеска.

Во интервјуто Марк објаснува дека тие имаат околу 100.000 корисници, па мислат дека од проектот може да излезе нешто интересно. Исто така на новинарката и објаснува што поточно е социјалната мрежа и за што е наменета.

Извор: CNBC