Сер Џони Ајв е една од најпознатите личности поврзани со Apple. Тој стои зад дизајнот на повеќето производи од компанијата изминатите неколку децении, а е познат и по тоа што беше еден од најблиските соработници на Стив Џобс. 

Ајв во интервју за радио емисијата „Desert Island Discs“ на BBC говори за неговиот живот, а очекувано посебно внимание се посветува на работата во Apple. 

Со оглед дека Џони Ајв е познат по дизајнирањето на производите, а истото го работи и со новата компанија која ја основа, LoveFrom, голем дел од интервјуто е за неговите гледишта кон оваа работа. 

Како дел од стилот на емисијата, Ајв говори и за музиката која ја слуша, па се пуштаат и неколку песни кои тој ги препорачува. 

Интервјуто на Џони Ајв е достапно преку страната на BBC, а од идниот месец и преку онлајн подкастот од емисијата. 

Претходна статијаФорум „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот
Следна статијаYouTube можно е да пушти поевтина Premium Lite претплата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.