Shutterstock.com

Министерството за правда на САД го дополни веќе големото обвинение против Џулиан Асанж со што се објаснуваат дополнителни сознанија за начинот на којшто се доаѓало до информациите кои се објавуваат на Wikileaks.

Според ажурираното обвинение, Асанж бил во контакт со хакерски групи LulzSec и Anonymous, двете познати групи. Тој се обидувал да добие информации од овие групи, но и барал од нив да дојдат специјално за него до одредени информации поврзани со институции како CIA, NSA, како и The New York Times.

Начинот на којшто се доаѓа до информациите дека Асанж соработувал со овие групи е поради тоа што LulzSec соработувал со FBI како информатор, со што директно се дава и информацијата за контактите направени со Асанж.

Обвинението против Асанж во САД содржи 18 точки кои еве уште се дополнуваат. Истите се поднесени минатата година во мај, а останува да видиме како ќе се одвиваат работите со судењето и кога истото би почнало.