Фото: Shutterstock.com

Информациите кои можевме да ги прочитаме минатата недела говореа дека настанот на кој ќе бидат претставени новите iPhone 15 телефони, меѓу другото, може да се очекува за 13 септември, среда.

Оваа информација исто така ја потврди Марк Гурман, кој сепак објави дека настанот ќе биде на 12 или 13 септември.

Сега тој објави дека сите знаци покажувале кон 12 септември, вторник, па едно е сигурно, таа недела од септември ќе биде настанот на Apple.

Тоа што дополнително се очекува од овој настан е да го задржи форматот кој беше започнат со корона кризата, па тој повторно ќе биде снимен, а на новинарите ќе им биде овозможен пристап и користење на новите уреди.

Од уредите, претставени ќе бидат новата iPhone 15 серија, но ќе ги видиме и новите генерации од Apple Watch и AirPods уредите, а можно е да биде претставено и уште нешто.

Настанот како и секогаш ќе биде достапен да се гледа во живо, па сите заинтересирани ќе можат да го гледаат претставувањето.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаRCS разговорите во Messages од Google ќе бидат автоматски активирани
Следна статијаPlex ја пушти својата апликација за музика Plexamp за сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.