_MG_7246-2

Високо интерактивната паметна табла – SMART Board вчера (20.11) за прв пат беше јавно презентирана на јавноста, преку настан, на кој беа презентирани функционалностите и софтверот на SMART Board, пред бројна публика.

Настанот кој се одржа во Конгресниот центар на Скопски саем го отвори Антони Пешев, претседател на Бордот на директори на групацијата Ултра-Унет која е и ексклузивен дистрибутер и застапник за SMART Board во Македонија.

Во својата презентација и претставувањето на производот, Пешев  го истакна фактот дека голем број на образовни институции во светот веќе подолг период активно ги употребуваат во секојдневното работење SМАRT Board и со тоа придонесуваат кон побрзо и поефикасно учење.

Паметните табли истовремено претставуваат проектор и платно, екран, табла и компјутер, поврзани преку софтвер коj овозможува креирање, учење и управување. Покрај активната употреба во образованието, паметните табли SMART Board наоѓаат широка примена и кај бизнис заедницата, каде нивната улога во интерактивното презентирање е огромна.

_MG_7418-2

На вчерашното претставување учесниците на настанот имаа можност во пракса да погледнат и успешна примена од ученици и професори од училишта од Македонија кои во своето училиште изучуваат настава со помош интерактивната паметна табла.

Паметните табли се канадски производ, кои поради мултифункционалноста што ја нудат за кратко време поставија нови стандарди во образованието, различните видови на едукација, учењето и презентирањето во целина. Поради своите карактеристики, паметните табли SMART Board покрај широката примена во образованието, од голема корист се и за бизнис заедницата, а се употребуваат дури и во домаќинствата, како домашно кино.

Претходна статијаRoamer МK: Алтернативна апликација на веќе добро познатите Skype и Viber сега достапна и во Македонија
Следна статијаWindows 10 Consumer Preview треба да биде достапен идната година, што може да се очекува