Google започна со испраќање на покани за нивниот Made by Google настан кој обично го одржува во есен. Сега овој настан ќе се одржи на 13 август, а ќе може да се следи во живо со почеток во 19:00 часот по македонско време.
На овој настан и во самата најава се гледа дека ќе бидат претставени нови Pixel уреди, а на ред се уредите Pixel 9 серијата. Доста порано од обично, а изгледа Google сака оваа година да ја промени малку стратегијата.
Покрај смартфоните, можно е да видиме и нова верзија од Pixel таблетот, како и паметниот часовник од компанијата.
Очекувано за оваа година, голем дел од презентацијата ќе биде наменета за генеративната вештачка интелигенција, односно во случајот на Google за Gemini.
Се очекува да се претстави и финалната верзија од Android 15, која ќе видиме дали ќе биде и официјално пуштена порано оваа година, а како и секогаш, ќе видиме како ќе го следат тоа темпо другите производители на Android уреди.