mwc-2014-f

Mobile World Congress, односно на кратко MWC е настан кој што оваа година ќе се одржи во Барселона од 24 до 27 Февруари 2014. Наменет пред се за мобилната технологија, на него учествуваат наголемите производители на мобилни уреди, како и голем број на останати компании од областа на технологијата. На настанот, како и на другите слични настани, компаниите ги претставуваат своите нови производи, како и најава за производи на кои што работат и ќе биде претставени во иднина. Еден од таквите примери е претставувањето на долго очекуваниот Samsung Galaxy S5 кој што треба да биде претставен утре на Unpacket5 настанот.

MWC порано познат како GSM World Congress започнува во далечната 1987 година и е организиран од страна на GSMA, асоцијација составена од мобилни оператори и поврзани компании. Се одржува секоја година и на него во просек учествуваат околу 60.000 – 70.000 учесници. До 2006 година настанот се има одржувано во Кан пред да биде пренесен во Барселона.

Случувањата и претставените уреди на овој настан можете да ги следите на Smartportal на следниот линк.

Претходна статијаCortana, личен асистент од Microsoft
Следна статијаFacebook Messenger доаѓа на Windows Phone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.